Воспитување

Зошто вашите деца треба да ве гледаат како „лоша“ мајка?

„Дали сум добра мајка?“ – се прашував себеси безброј пати. „Дали добра мајка би имала неуредна куќа, не би им ги спакувала оброците на децата, би им викала, би отишла на одмор без своите деца итн.?“ Овие прашања ме мачеа уште од првиот момент кога станав мајка пред 9 години. Но, веќе е помината речиси деценија откако сум родител, па полека сфатив дека има разлика помеѓу тоа како нашата култура ја карактеризира „добрата мајка“ и што длабоко верувам дека е вистина во однос на тоа што значи да се биде мајка и човек.

Нашата родителска култура е јасна. Ја дефинира добрата мајка како жена која секогаш ги става своите деца на прво место. Лице со бескрајно трпение. Жена која готви органска домашна храна, но исто така се грижи за зачувување на буџетот. Жена која можеби има работа, но никогаш не би ѝ била работата приоритет.

Суперчовек кој ги жртвува сонот и разумот за да им излезе ви пресрет 24/7, 365 дена на потребите од децата – сама.

Личност која може да го додаде на својата листа и учењето од дома за време на пандемијата, додека истовремено ја задржува својата работа и ги плаќа сметките. Жена кога може целосно да се жртвува себеси. Оваа верзија на добра мајка ги задушува жените. Ги доведува до прегорување. А застарениот патријархален поглед кон светот поставува невозможни стандарди за жените и предизвикува да чувствуваа неуспех дури и ако работат многу понапорно од порано. Мајките го очекуваат невозможното од себеси, а потоа се чувствуваат скршено кога не можат да постигнат нереален стандард.

Мајките се вознемируваат, посегнуваат по своите граници, потребна им е помош и бараат време за себе

Оваа верзија на добра мајка не е хумана. Мајките се индивидуални луѓе со свои потреби, силни и слаби страни и проблеми. Мајките може да се однесуваат херојски и да се соочуваат со дневни предизвици со голема тежина и храброст. Но, не се суперлуѓе. Затоа во голема мера се поврзувам со она што го кажал авторот Гленон Дојл и Лурдес Гарсија-Наваро.

Тој пишува дека е важно да се биде „лош родител“ бидејќи ако ги прифатиме нашите несовршености, децата ќе се ослободат од притисокот да бидат совршени. „Лош родител“ го користиме под наводници бидејќи мајките никогаш не можат да бидат лоши. Мајките се вознемируваат, посегнуваат по своите граници, потребна им е помош и бараат време за себе. Тоа не е ЛОША работа.

Но, ако го прифатиме она што нашата култура често го нарекува лошо – да се ставиме себеси на прво место, да имаме идентитет надвор од мајчинството, да не се претвараме дека сме совршени – ние се ослободуваме себеси и другите и практикуваме мајчинство кое е целосно и здраво. Ако објавиме дека не можеме да се жртвуваме себеси, ние можеме да се ослободиме, а и нашите деца од опресивните и застарени културолошки норми.

Замислете свет каде што нашите ќерки ќе имаат реалистични погледи кон целото човештво и мајчинството.

Замислете свет каде што нашите синови се слободни да ги покажат сите страни од нивната хуманост и да бидат еднакви партнери. Замислете свет каде што престануваме да мислиме дека е лошо да се биде несовршен родител и наместо тоа го откриеме значајниот, трансформативниот и величествен пат кој го претставува родителството, па на тој начин се „излекуваме“ себеси. Нема ништо „лошо“ во тоа.

Автор: Елизабет Тенети

Извор

Поврзани написи

To top