Прваче, кое учебната година ќе ја започне од дома, доби огромна поддршка на социјалните мрежи.

Со помош од неговите мајка и татко, Брајс Латимер создал интересно катче за учење што потсетува на училница. 6-годишното момче почнало да го создава катчето откако избрало да учи виртуелно поради пандемијата.


– Постојано вели дека не сака да се зарази, па го сфаќа концептот за тоа што се случува. Затоа, сметав дека кога веќе учи дома, добро би било да се чувствува како да е во училница – вели неговата мајка Ешли Латимер од Арканзас.

Едукативното катче на Брајс вклучува и цела библиотека книги, клупа, лаптоп, неговиот зум-распоред и едукативни постери.

– Омилени ми се некои од мотивациските цитати – вели неговата мајка. Таа сподели фотографии од неговиот простор за учење, а тие веднаш се проширија на социјалните мрежи.

Брајс вели дека тоа што има ваков простор му помага во транзицијата кон учење од далечина.

Извор



912

X