Можеби сте добиле неколку забелешки од луѓето што ве виделе дека гледате во својот телефон додека сте со своето дете и сте претпоставиле дека сте лош родител поради тоа. Но, има и научно истражување кое можете да го споменете следниот пат кога луѓето ќе ви упатат такви забелешки.

Нова студија објавена во „Џурнал од чајлд психолоџи“ открива дека користењето на паметниот телефон полурегуларно не е поврзано со лошото родителство. Всушност, во некои случаи користењето на вашиот телефон почесто може да биде поврзано со потопли и поблиски односи со детето.

Како родителите ги користат своите паметни телефони

Истражувачите анализирале анкети од повеќе од 3.600 родители кои одговарале колку често ги користат своите телефони, што правеле со нив, додека биле со своите деца и каква била врската со децата. Резултатите покажале дека врската помеѓу користењето на паметните телефони и односите меѓу родителите и децата е релативно слаба и измешана. Реалниот фактор за медијација помеѓу користењето паметни телефони и родителството бил степенот до кој технологијата го попречува семејното време. Со други зборови, ако родителот стане толку опседнат со својот телефон што би довело да биде помалку присутен или да помине помалку време со своите деца, тогаш тоа попречување навистина ја оштетило врската со децата. Но, родителите што ги користат телефоните често без тоа да го попречува времето поминато со семејството – со други зборови, родители само испраќаат пораки или пребаруваат информации, а сè уште се вклучени во активностите дома и ги слушаат своите деца – не доживуваат негативни ефекти, воопшто. Всушност, сè додека факторот на попреченост е на ниско ниво, поголемото користење на паметните телефони е поврзано со посилна поврзаност помеѓу родителите и нивните деца.

– За родителите, паметниот телефон е есенцијална поврзаност со надворешниот свет за поддршка, знаење или поврзување со оние во слични ситуации. Низ различните домашни средини, паметните телефони имаат повеќекратни улоги во семејниот живот, вклучувајќи ги локалната поддршка и информации, како и дозвола за работа и дигитални набавки. Сè додека телефоните не го попречуваат семејното време во голема мера, можат да бидат поврзани со позитивно (а не негативно) родителство – вели д-р Линет Вернон, една од истражувачите.

За многу луѓе, нивните телефони се голем дел од нивниот социјален живот и начинот на кој стапуваат во интеракција со светот, особено за време на пандемијата на Ковид-19. Тоа не значи секогаш дека е лоша работа, а за родителите, може да биде одличен спас во однос на останувањето во контакт со другите.

Заклучок

„Има добро позната историја за јавна контроверзија во однос на потенцијалните штетни ефекти од новите технологии врз децата и семејствата“, напишале Вернон и нејзините колеги во извештајот од истражувањето.

– Медиумските ентитети, креаторите на политики и различните научници ја отворија како тема загриженоста дека паметните телефони претставуваат ризик за штетни односи помеѓу родителите и децата. Но, обвинувањето на паметните телефони за проблематичното родителство всушност е губење на поентата.

Родителот што користи паметен телефон не значи секогаш дека ќе биде исклучен од своите деца, а овие откритија токму тоа јасно го покажуваат. „Може да се заклучи дека пронајдовме многу малку докази за директен ефект од користењето на телефоните врз родителството“, заклучуваат истражувачите, додавајќи дека треба да се истражува подлабоко од површинските претпоставки за ризици, како и да се преиспитаат нивните претпоставки за начинот на кој родителите би требало да ги користат телефоните.

Заклучок? Не брзајте со осуда на луѓето и нивното родителство. Има многу причини зошто претераното користење на социјалните медиуми може да биде штетно за сите нас, како и предолгото седење пред екраните за децата. Но, сè додека се креира топол однос исполнет со љубов помеѓу родителот и детето, паметните телефони генерално не го попречуваат патот во развојот на тој однос.

Автор: Кели Гонсалвес

Извор



912

X