Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот како тие се справуваат и соочуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Глумецот Гораст Цветковски, страствен гејмер, вели дека засега дома немаат никаква посебна заштита, затоа што на таблет е вклучен само перент мод. На друго место децата немаат допир со интернетот
Фото: Јутјуб
Подрагоцено ми е заедничкото време поминато со син ми играјќи Xbox, отколку да го одесам во игротека „да се измори“, додека јас „се одморам“ со кафе и зјапам во мобилен, вели еден од нашите најпознати глумци Гораст Цветковски. Него нема да го видите само на матичната сцена на Македонскиот народен театар. Цветковски е познат и како страствен гејмер и почитувач на информатичката технологија. И самиот вели, ако не се запишел на глума, дефинитивно ќе студирал програмирање.
Домот на Цветковски не може да се замисли без компјутери. Неопходни му се нему и на неговата сопруга-фотограф. Тие имаат две дечиња – Исток кој во моментот има 6 години и тригодишната Ирис.
– Разликата е нешто помалку од 3 години… златна средина – вели Гораст.
Фото: Јутјуб (Теа Модерна, архива 2013 година)
Времето поминато со децата ми е драгоцено
Колку нивните професии и хобија влијаат на најмалите членови на семејството и колку им е дозволено да седат пред екраните? И пред сè, како ги заштитуваат своите дечиња од несакани содржини во мрежата, кои не се за нивна возраст?
– Јас и мојата сопруга работиме на компјутер голем дел од времето, тоа ни е (мене втора) професија. Незамисливо е фотограф или програмер/гејмер да се воздржува од користењето на својата алатка. Во домот имаме еден куп гаџети – два таблета, три конзоли, медија-плеери, компјутери и лап топи и забрана за користење има само во екстремни случаи. Моите деца за сега немаат многу ќеф на тоа. Мислев дека повеќе ќе сакаат, но не. Знаат да земат таблет и после пола саат, саат сами да го донесат и да не го пипнат неколку дена – вели тој.
Гораст вели дека многу сака да игра игри, и игра со синот, а сега веќе и им се придружува и ќеркичката. Вели дека имаат цели ритуали на подготовка.
– Играме по 2-3 саати на Xbox, неколку пати неделно (сега, за време на распуст е почесто). Се разбира тоа е измешано со градинка, спорт, но само кога ќе изрази желба, игралиштето пред зграда, книги и така натаму. Но, верувам дека заедничко време поминато со моето дете играјќи на Xbox ми е подрагоцено отколку да го однесам во игротека или на некој спорт по секоја цена за да „се измори“, а јас да пијам кафе и да зјапам во мобилен (читај: одморам), саат и пол или два – дециден е Гораст.
Исток и Ирис за сега користат интернет евентуално кога гледаат видеа на Јутуб. Цветковски објаснува дека тоа повеќе важи за ќеркичката, за песнички.
– Инаку не го разбираат концепот, па се случува да побараат песна и на пат во друга држава, па следува дискусија и објаснување на глобалната мрежа во наредните саати со што патот поминува побрзо – објаснува Гораст.
Фото: Јутјуб
Дома не користиме многу мобилни
На прашањето како почнал нивниот интерес за мрежата, тој вели:
– Претпоставувам од нас. Дома не користиме многу мобилни, а на компјутер им е прекомплицирано. Не секогаш гаџетите помагале во кризни ситуации, плачки, храна и слични на нив. Обично се руча и вечера со цртани, тоа ни е некој вид на ритуал. Другото е лабаво – објаснува Цветковски.
Што се случува кога Исток или Ирис ќе наидат на некој клип кој не е за нивна возраст? Како реагира тој, а како родителите?
– Кога беше помал сакаше да гледа видеа со Спајдермен. И така гледајки ми дојде во работната соба, во која јас работев на компјутер, уплакан и исплашен, но загледан во таблетот. На него имаше видеа од Веном – непријателот на Спајдермен кој е прилично страшен. Фасцинантно ми беше дека не му текна на чоекот да го тргне погледот или да го затвори таблетот или на крајот на краиштата да избега од него. Претпоставувам мислел дека мора да гледа во него што и да има – објаснува Гораст.
На прашањето дали постои некој конкретен начин на кој ги заштитуваат децата од несаканите содржини на интернет, тој вели:
– Нема никаква посебна заштита затоа што на таблет е вклучен само перент мод. На друго место немаат допир со интернетот.
Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на IT безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.
ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?
Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн заштита на децата при користењето на мобилни уреди или компјутери.
Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца вие ќе можете:
- Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
- Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/ забранети);
- Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење на мобилни уреди или компјутери;
- Да ги следите објавите на Facebook во кои е спомнато вашето дете и да ги гледате измените во листата на неговите пријатели.
- Да добивате известувања за локацијата на вашето дете и како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
- Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Android уредите);
- Да ги видите деталните извештаи за онлајн активностите на вашето дете;
400 милиони корисници на глобално ниво!!!
912