Она што ја прави утринската мачнина малку поднослива во текот на бременоста е нејзината релативно кратка временска рамка. За 80 отсто од бремените жени што ја доживуваат има светло на крајот од тунелот. Гадењето и повраќањето престануваат обично откако ќе помине првиот триместар, а потоа мајките се чувствуваат здрави и полни со енергија. Но кај некои жени искуството со утринската мачнина го поминува првиот триместар и влегува и во вториот и во третиот. Ако сте една од тие жени, треба да знаете неколку работи.

Зошто јас?

Постојаната борба со вознемирен стомак може да влијае врз вашето искуство додека сте бремени. Тешко е да бидете радосни кога не можете да се ослободите од мачнините. Научниците не знаат што ја предизвикува утринската мачнина, иако е поврзана со вашите хормони. Исто како што секој од нас е уникатен и посебен како снегулка, и вашето искуство со симптомите на бременоста е разновидно. Вистината е дека некои жени се соочуваат со неа, а некои воопшто не.

Еве што можете да испробате за да си помогнете:

Ѓумбир – ѓумбирот е достапен во повеќето продавници.

Нане – обидете се да пиете чај од нане наутро за да си го олесните гадењето.

Витамин Б6 – разговарајте со вашиот лекар за земање дневен додаток на витамин Б6.

Промена во исхраната – вашите вкусови ќе ве однесат во вистинската насока, охрабрувајќи ве да јадете здрава храна и да се воздржувате од зачинети и пржени производи.

Лекови

Не постои причина да поминете девет месеци чувствувајќи се лошо. Ако не функционираат природните лекови, вашиот доктор може да ви препише безбедни лекови наменети да го намалат гадењето.

Автор: Лизи Гудмен

Извор



912

X