Децата се полни со интересни прашања и толкувања на нештата кои навистина знаат да расположат. Детските толкувања и поврзувања знаат да бидат волшебни. Ова се дел од детските бисерчиња што ни ги испративте. Во прашалникот може да ни напишете нови, а ние ќе ги објавиме

Елизабета, 3 години
Мојата ќерка виде кола за брза помош и ме праша како се вика таа кола, на што ѝ одговорив дека тоа е болничка кола. На тоа мојата ќерка ме праша: Мамо, а од што е болна колата?

Галина, 5 години
-Погоди што имам замислено да јадам. Ако погодиш, ќе јадам!

Јана, 5 години
-Мама, ќе емитираш? (за медитираш)

Даме, 4 години
-Не се расте од јадење, се расте од роденден! Ова го вели Даме кога го убедуваме да јаде со зборовите – јади, инаку нема да пораснеш.

Марко, 4 години
-А корона се плаши од Спајдермен?

Илина, 3 години
– Мама, месечината пак иде по нас.

Тео, 3 години
-Мамо, што значи љубов, што значи да сакаш?

Мила, 4 години
-Мамо, може ли вечер да спијам со отворени очиња?

Аника, 5 години
-Ајде веднаш да ми кажете што е во ред ако сакам да си играм со телефонот.

Ана Марија, 3 години
Ана Марија и тато печат скара. Ана Марија: Тато, ти врти го мевцето, а јас ќе дувам на жарчето!

Јован, 4 години
-Тато, ти кога си бил мал, дедо ми тогаш бил нов.

Михаил, 7 години
-Одиме на кангономат (банкомат)

Ане, 5 години
– Си играме фризерки: Госпоѓо, почекајте да го исчешлам овој госпој, па ќе ве средам.
– Мамо, а кој ѝ е ЖЕН на оваа жена?

Филип, 3 години
– Мамо, зошто ти се вака скршени нозете? (сака да каже зошто ти се распукани петите).

Слободан, 5 години
Јас: Денес е ден на планетата Земја.
Слободан: Aaa, значи роденден ѝ е, сите планети ќе ѝ дојдат на роденден.

Матео, 4 години
– Господине – госкобине, госпоѓо-госкобјо и госпоѓице-госкобице.



912

X