Како што Ковид-19 продолжува да се шири и здравствените власти ја потенцираат важноста на социјалното дистанцирање и на самоизолацијата за да се израмни кривата на вирусот, повеќето родители се прашуваат како да ги исполнат деновите во однос на грижата за децата и активностите.
Затоа, многу ѝ родители се заблагодаруваат на мајката и фотограф Џесика Мекхејл, која направила практичен распоред за нејзиното семејство и го споделила на интернет. Таа не е медицински професионалец или едукатор, но оние што го споделуваат нејзиниот распоред сметаат дека ги содржи најдобрите практики што треба да ги реализираме за време на пандемијата.
– Споделувано е од лекари, наставници и тоа повеќе од 10 илјади пати. Се чувствувам како да добив официјален трофеј за мајка. Го направив распоредот да одговара на возраст на моите деца и моето семејство, па може да го користите како појдовна точка за креирање и на вашиот. Сè што можеме да направиме е да си помагаме меѓусебно за она што ни претстои – напишала Мекхејл на својата фејсбук-страница
Таа ги поставила семејните прошетки пред училишната работа и вметнала периоди исполнети со креативност. Исто така, ограничени се дигитални уреди и одредено е време за учење.
Според Центрите за контрола на зарази, еден начин за одржување на контролата и помагање на децата да научат е создавањето структура. Структурата се креира од конзистентни рутини и правила. Правилата ги учат децата кое однесување е во ред, а кое не. Рутините ги учат децата што да очекуваат во текот на денот.
Објавата на Џесика им помага на многу семејства за да се охрабрат. Малку е тешко во почетокот, но држењето до распоредот ќе им олесни и на децата и на родителите.
Вака изгледа распоредот:
Пред 9 часот – будење – појадок, местење на креветот, облекување, ставање на пижамите во машина за перење.
Од 9 до 10 часот – утринска прошетка – Семејна прошетка со кучето. Јога ако врне.
Од 10 до 11 часот – учење – без електроника. Книги, карти, учебници, списанија.
Од 11 до 12 часот – креативно време – лего-коцки, цртање, пуштање музика, готвење, печење…
12 часот – ручек
12:30 часот – рутина – бришење на кујнската маса и столовите, бришење на кваките, светилките и бироата. Бришење на двете бањи – тоалети и лавабоа.
Од 13 до 14:30 часот – време за тишина – читање, сложувалки, дремка.
Од 14:30 до 16 часот – електроника – Игри на „ајпад“, едукациски содржини и програми.
Од 16 до 17 часот – попладневен свеж воздух – возење велосипед, шетање на кучето, играње на отворено.
Од 17 до 18 часот – вечера
Од 18 до 20 часот – гледање телевизија – туширање на децата
20 часот – време за спиење на сите деца
21 часот – време за спиење на сите деца што ја следат дневната рутина и не се спротивставуваат
Автор: Хедер Марко