Тригодишно момче стана најмладиот член на „Менса“, најголемото и најстарото меѓународно друштво на луѓе со висока интелигенција во светот.
Мухамад Хариз Наџим е со малезиско потекло, а живее во Велика Британија. Повикан е да ѝ се придружи на „Менса“ по состанокот со психолог, а постигна 142 поени на IQ-тестот Стенфорд-Бинет.
– Секоја чест за Хариз. Очигледно е многу бистар и ние сме пресреќни што ќе биде член на „Менса“ – изјави Џон Стивениџ, извршен директор на британската „Менса“.
Фото: Nur Anira Asyikin
За некој да стане член на оваа организација, мора да има IQ што спаѓа во топ 2 отсто од населението, се наведува на нивната веб-страница.
IQ-тестот што го полагал Хариз е направен за постари од 10,5 години. За децата помлади од 10 години, психологот мора ги разгледа резултатите за да ги одреди IQ-поените.
– Заедно со оцената од психолог, резултатот на Хариз на тестот одигра голема улога во неговото прифаќање во британската „Менса“ – изјави Чарлс Браун, портпаролот на оваа организација.
Тестот се состои од комбинација на математика, читање, помнење и логичко размислување.
Мајката на Хариз, Нур Анира Асјакин, вели дека отсекогаш знаела дека Хариз е посебен, но се однесува како обичен тригодишник кој сака да црта и да чита.
912