Да се биде Дедо Мраз, особено во трговските центри, е исцрпувачка работа. Истата фотографија направена од вас, истиот костум, илјадници пати на ден. Плус, му го поставувате истото прашање на секое дете што ќе седне во вашиот скут: „Што сакаш за Нова година?

Сигурно ви претставува одлична пауза кога некое мало детенце ќе ве насмее со необичен одговор што воопшто не сте го очекувале.

Неодамна, на „Редит“ се појави темата наменета за Дедо Мразовците од трговските центри:

Што е најчудното нешто што децата го побарале за Нова година?

– Обично децата бараа вообичаени работи, како играчки и еднорози. Но, едно мало девојче, кое се гледаше дека размислува навистина многу, побара две ролни селотејп. Сонувај големи работи, девојче!

Тука се и децата кои без сомнение ќе станат милијардери.

– Една година едно дете побара кафемат бидејќи сакало да основа сопствено кафуле „Старбакс“ наместо штанд за лимонада. Очигледно бизнисот со штанд за лимонади не му одеше добро, па детето забележало дека многу возрасни пијат кафе и се одлучило за кафемат – раскажува еден Дедо Мраз.

Друго дете сакаше да го донесе Северниот Пол поблиску до неговиот дом за да отпочне бизнис. – Со јајца од ирвас тој сакаше да почне сопствена франшиза – раскажува друг Дедо Мраз.

Една мајка раскажува дека по долго чекање во редица за слика со Дедо Мраз, голем дел од децата сакале нешто да јадат.

– Мојата ќерка го замоли Дедо Мраз за хот-дог – раскажува една мајка.

– Друго дете сакаше тост – раскажува еден Дедо Мраз.

Имало и деца што од Дедо Мраз сакале сосема погрешни работи.

– Едно дете побара свирче за да свири навечер и да ја разбуди и да ја исплаши својата мајка.

– Мојата сестра побара од Дедо Мраз да добие глава од коњ и корнет за сладолед. Таа објасни дека ќе го обои корнетот во бојата на телото на коњот, ќе го стави над главата на коњот, а глава на коњот ќе ја закачи на ѕидот за на другарчињата да им вели дека убила еднорог – раскажува една девојка.

Еден корисник открива дека сакал џуџе кое ќе му било роб.

Некои Дедо Мразовци, пак, се расплакале поради длабоките желби на малечките дечиња.

– Работев како џуџе неколку години. Имавме „тегла за желби“ каде што децата можеа на хартија да си ги напишат желбите. Едно мало девојче напиша нешто на хартијата, ја завитка и тивко ја стави во теглата. Нејзината мајка се врати, барајќи да го земат ливчето од теглата. Таа го отвори ливчето на кое пишуваше: „Сакам тато да се врати дома“.

– Кога имав четири години, од Дедо Мраз побарав татко ми да оздрави од рак. Дедо Мраз се расплака, мама се расплака, а јас бев збунет. Татко ми почина на Божиќ наредната година – коментираше една личност.

– Едно девојче, чија мајка беше подалеку, ми шепна: „Те молам донеси ѝ момче на мама. Откако тато почина, многу е осамена. Тоа е она што навистина го сакам за Божиќ, Дедо Мраз.

– Прочитав писмо од детенце кое бараше делфин, но да не е аутистичен делфинот. Не сум сигурен дали момчето имало лошо искуство со делфини и не сум сигурен дали мислеше да не биде „артистичен“.

Друга мајка сподели дека нејзиниот тригодишен син од Дедо Мраз побарал бебе-носорог. Кога Дедо Мраз му рекол дека мајката-носорог би била многу тажна ако ѝ го земат бебето, момчето рекло: „Добро тогаш, ќе ја земеме и мајката, ќе спие во креветот на мама“.

Извор



912

X