Дали смееме да јадеме сладолед кога надвор е студено или тоа е, сепак, само летно задоволство? Дали од сладоледот ќе нè заболи грлото?
Со првите температури под минус, родителите им забрануваат на децата да јадат сладолед, со објаснување дека надвор е студено и дека ќе добијат воспаление на грлото. Дали е тоа вистина или заблуда?
Мислиме дека ако нешто студено ни дојде до грлото или крајниците, дека тоа ќе ги оштети крајниците, слузокожата и дека на тоа грло лесно ќе се надградат бактерии.
Меѓутоа, тоа не е точно. Како бактериите доаѓаат до нашата уста и до нашиот организам? Исклучиво со валкани раце или преку капки – вели Мирјана Миќовиќ, педијатар во Здравствениот дом „Стар град“.
– Не можеме да се разболиме од студениот сладолед, но можеме од вируси или бактерии кои се во нашата околина, каде што нашиот имунолошки систем се бори против тоа, па ако додадеме еден предизвик плус, тогаш нашиот имунитет ќе мора да употреби малку повеќе војска за да се одбрани – објаснува доцент д-р Љиљана Чворовиќ од Клиниката за оториноларингологија од Клиничкиот центар во Србија.
Дали ќе јадеме сладолед во зима или во лето е прашање и на културата. Во нашата земја овој десерт најчесто го јадеме во лето, додека во некои земји вообичаена глетка е снег и пешак што јаде сладолед.
– Што им прави сладоледот на нашето грло и крајниците? Тој всушност доведува до благотворно дејство на нашето грло бидејќи кај воспалението доаѓа до проширување на крвните садови, затоа се создава и болката. Меѓутоа, кога јадеме сладолед, крвните садови се собираат и болката се ублажува – наведува д-р Миќовиќ.
Како и со сите слатки, и со овој десерт бидете умерени – полека, лесно, со лажиче.
– Секој екстремен предизвик, во смисла на екстремно студен или топол пијалак или храна, ќе доведе до тоа нашиот имунитет да има предизвик плус. Затоа не се препорачуваат екстремно студени или топли пијалаци, но сладоледот не мора да биде екстремно студен – вели д-р Чворовиќ.
Што можеме да направиме да не нè издаде грлото во следниот период?
– Превенираме во однос на респираторните инфекции така што се движиме малку повеќе надвор, со шалови и капи и така што ќе ги проветруваме просториите. Така работиме на јакнење на имунитетот – вели д-р Чворовиќ. Докторката Мирјана Миќовиќ советува да ги научиме децата да ги мијат рацете пред да земат храна.
912