Во согласност со желбата за освежување на комуникацијата на брендот, Цедевита само што ја лансираше новата долгороча креативна платформа. Имено, станува збор за „Вкус на Генарацијата ЦЕ“ која претставува нов манифест на еден од нашите омилени домашни брендови. Новата кампања е инспирирана од самите потрошувачи на Цедевита, а кои се всушност сите генерации и животни стилови и како такви припаѓаат на една нова универзална и единствена генерација ЦЕ.
Цедевита ја претставува и промовира како прва генерација која не се идентификува преку годината на раѓање, туку преку состојбата на духот и заедничкиот систем на вредности.
Негува позитивен дух и заедништво, не робува на предрасудите туку ја поврзува различноста. Тоа е генерација која не се срами да покаже емоции, бидејќи знае која е суштината на животот во поврзување и делење на важни моменти со другите.
ЦЕДЕВИТА – ВКУС НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ЦЕ
Основна карактеристика на омилениот напиток е од секогаш иста – освежување. Денес освежувањето не се однесува само на гасење на жедта, туку е всадено во умот на потрошувачите. Новата генерациа сака да ги освежи емоциите, врските, идеите и мислите. Со тоа, повеќе не е доволно да се разговара за традиционалната дефиниција за освежување, односно за функционалноста на 9-те витамини на Цедевита кои придонесуваат исклучиво за освежување и подигнување на енергијата.
НОВА КАМПАЊА
Преку новата кампања Цедевита порачува дека годините се состојба на духот и дека секое време е добро време за освежување. Новата комуникација и кампања обилува со инспиративни сцени, луѓе со карактер кои се автентични љубители на Цедевита и авторска музика која потсетува на поранешните промотивни кампањи на брендот, кои ги сакавме да ги слушавме, а не само да ги гледаме.
Кампањата е создадена во соработка со Цедевита и креативната агенција Лео Бурнетт Белград, под водство на Ања Радуловиќ, а спотот го реализираше продукциската куќа Туна Фиш и режисерот Коста Глушица. Како живее, за што сонува и во што верува Генерацијата ЦЕ, можете да откриете во новите ТВ спотови.
(комерцијална објава)
912