Освен платата и кариерата, постои барем уште еден фактор што мајката треба да го земе предвид кога одлучува каде ќе работи, покажало истражувањето на Американската асоцијација на психолози. Мајките треба да знаат со какви луѓе работат бидејќи токсичната работна средина може да го уништи не само нивниот живот, туку и животот на нивните деца. Нецивилизираноста на работното место е поврзана со негативно однесување на родителите дома, стои во студијата која ја објави Американската асоцијација на психолози.

Не е само лошиот шеф во прашање

Кога зборуваме за лоша работа, прво на памет ни паѓаат лошите шефови. Но, во реалноста шефовите не мора да викаат за да ја направат средината токсична. Генерално, лошата работна средина најмногу е поврзана со недостигот на грижа за другите. На пример, нељубезноста во канцеларијата може да вклучува навредливи коментари за другите или исклучување на луѓето од тимот.

Често ги носиме проблемите од работа во нашиот дом

За подобро да го разбереме однесувањето погоре, истражувачкиот тим анкетирал 146 мајки што работат заедно со нивните партнери. Додека различни мајки го споделија своето мислење за тоа како обично се однесуваат луѓето кон нив на работа и колку ефективни сметаат дека се како родители, нивните сопрузи требало да известат дали паровите имале некакви негативни методи за родителство.

Резултатите биле прилично јасни: лошата работна култура обично се носи дома и може да доведе до длабоки последици. Ова може да се види кај мајки што мораат да се справат со лоши колеги и имаат тенденција да користат построги, поавторитарни стилови на родителство.

Aвторитетните родители влијаат врз социјалната приспособливост на нивните деца

Истражувањата посочуваат дека ова е понегативен стил на родителство во споредба со другите стилови. Овие родители имаат големи очекувања и имаат тенденција да постават многу правила. Уште повеќе, тие може грубо да ги казнат грешките и да управуваат со секој аспект од животот на нивните деца. Исто така, тие не успеваат да им обезбедат на децата продуктивна повратна информација и поддршката што им е потребна. Како резултат на тоа, овие деца имаат многу проблеми. На пример, тие може да покажат агресивно однесување надвор од домот или да се срамежливи или исплашени кога комуницираат со другите. Овие типови деца имаат поголема веројатност да развијат депресија или анксиозност, имаат ниска самоконтрола и немаат социјална компетентност.

Токсичните канцеларии ги тераат мајките да веруваат дека не се ефикасни родители

Вреди да се напомене дека нељубезноста на работа предизвикува многу мајки да чувствуваат дека не се ефикасни родители. Оваа идеја може да објасни зошто тие се обидуваат да усвојат построго однесување и се обидуваат да контролираат сè што се случува во животот на нивните деца.

Иако е потребно да се направат повеќе истражувања, овие откритија можат да им помогнат на вработените мајки денес. Најпрво, сега сте свесни за тоа како вашите проблеми на работното место може да влијаат врз односот со вашите деца и можете да утврдите кои ќе бидат вашите следни чекори. На пример, можете да разговарате со шефот или колегите за нездравата работна средина или да најдете нова работа. Исто така, можете да се обидете да го промените вашиот стил на родителство и да не ги носите проблемите од работа во вашиот дом.

Извор



912

X