Ако имате дете на претшколска возраст, сигурно се прашувате или сте загрижени за тоа дали е подготвено за училиште. Многу родители што имаат деца на оваа возраст со недели вежбаат со децата броење и читање. И додека тие секако се важни, повеќето воспитувачи од градинка ќе ви кажат дека меките вештини како соработка, емпатија, самосвест и фокусирано внимание се исто така важни за успешна транзиција на училиште.

За среќа, неколку висококвалитетни апликации се достапни за да им помогнат на децата да ја почнат годината правилно. Најдобро од сè е тоа што апликациите се одобрени од заедницата на наставниците на веб-страницата „Common Sense Education“. Ви ги нудиме најдобрите што вклучуваат и градење образовни вештини и зајакнување на меките вештини.

„Кhan Academy Kids“

Оваа апликација користи игри, видеа, книги и креативни активности за да ги научи децата на широк спектар на вештини на интересен начин. „Кан Академи“ и девелоперите во партнерство со Училиштето за образование на „Стенфорд“ работеле на сите овие активности да понудат ефективно учење.

„Epic!“ – книги за деца

Со оваа апликација имате пристап до повеќе од 25.000 висококвалитетни книги за деца од вашиот мобилен уред. Книгите се достапни за неколку нивоа на читање, а некои имаат и опција „читај ми“ за оние деца што сè уште не знаат да читаат. Иако апликацијата е бесплатна само за наставници, родителите можат месечно да се претплатат за библиотеката за ниска цена.

„Coral Reef by Tinybop“

Одлична анимирана апликација што им воведува клучни научни идеи на децата на забавен начин. Младите корисници можат да научат за врската помеѓу различните видови корални гребени со истражување на неколку подводни средини.

„DragonBox Numbers“

Децата нема ни да забележат дека учат за бројки додека ги истражуваат игрите и предизвиците во оваа интересна апликација. Живописните суштества наречени „нумс“ ги претставуваат броевите од 1 до 10, а децата може да решаваат загатки.

„Toca Tea Party“

Оваа апликација го претвора „ајпадот“ во виртуелна маса со чаршаф, шолји за чај и грицки. Децата се охрабрени да донесуваат одлуки додека ги создаваат нивните забави и додека глумат дека се домаќини или гости на забавата со нивните пријатели и родители.



912

X