Шарени, интересни, креативно декорирани јајца. Зајачиња, колачиња, велигденски погачи – сè во знакот на големиот христијански празник. Дечињата насмеани затоа што добро им се продаваат производите или затоа што четири дена нема да одат на училиште?!

Велигденските базари станаа традиција во повеќе училишта во земјава. Децата и родителите вапсуваат јајца, ги украсуваат, а потоа со другите соученици ги продаваат на базарот. Најчесто ги купуваат родителите и роднините.

Парите собрани од продадените производи се користат за различни намени. Некои училишта ги подаруваат во хуманитарни цели, а други за потребите на одделението – купуваат тонери, звучници, нагледни средства што им недостигаат во наставата.

Ви ја пренесуваме атмосферата од училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Карпош.



912

X