Кери Џерниган, мајка на три деца, во мај оваа година со децата била во трговски центар за да купат чевли. Одлучила да купи чевли од продавница која имала целосна распродажба поради банкрот.

Кога нејзината најстара ќерка забележала патики со ликовите од „Одмазници“, таа ѝ рекла на мајка ѝ дека соученик од класот го сака филмот, а патиките што сега ги носи му се претесни, па сакала да му купи нови, иако не била сигурна кој број носи.

Фото: Facebook

Тогаш нејзината мајка добила неверојатна идеја.

– Како што плаќавме на каса, одеднаш прашав колку би чинеле сите чевли од продавницата. Продавачката ме погледна со неверување и ми побара телефонски број за подоцна да ме контактира – изјави Кери Џерниган.

Истиот ден, ѝ се јавил менаџерот на компанијата и ѝ кажал дека според американскиот закон, таа може да ги купи сите чевли од продавницата бидејќи процесот за ликвидација веќе почнал поради пријавениот банкрот.

Иако не е познато колку платила, се знае дека ѝ биле доставени околу 1.500 пара чевли. Семејството планира да организира забава пред новата учебна година за на секое дете да му обезбеди нов пар чевли.

– Ако секој од нас направи ситница за детето во близина, тогаш ќе направиме голема работа – вели мајката.



912

X