Летото е најдоброто време во годината за престој покрај вода, без разлика дали се работи за плажа, езеро, река или базен. Но, ова време исто така е и ризик за децата, дури и за оние што знаат да пливаат. Многу е важно – дури и значајно за спасување живот, како да направите престојот покрај вода да биде безбеден.

1. Проверете ги мерките за безбедност

Почнете така што ќе ги проверите веќе поставените мерки за безбедност за сите активности во вода, во кои ќе учествува и вашето дете. Проверете дали ќе има спасувачи, доволно возрасни лица доколку се работи за забава на базен, сигурносна опрема или светла, огради и врати кои спречуваат децата случајно да паднат во вода.

2. Проверете ја длабочината на водата

Проверете колку е длабок базенот и каде точно почнува нагло вдлабнување, доколку постои. Проверете со спасувачите или на мапите колку далеку од крајбрежјето е плитко и поставете им на децата граници до кои може да одат. Немојте да претпоставувате дека е плитко доколку и самите не сте се увериле во тоа.

3. Информирајте се за плимата и осеката

Дознајте кога доаѓа до плима и осека на плажата (или езеро) за да можете да бидете сигурни кога ќе надојде водата. Исто така, водете сметка за знаците и другите информации за можните извори и силни струи во кои ќе пливате.

4. Пливајте и играјте паралелно на крајбрежјето

Учете ги и охрабрете ги децата да пливаат и да играат паралелно со крајбрежјето наместо да пливаат директно во длабокото. Останете колку што е можно поблиску до копното без да се одречете од забавата и добрата физичка вежба. Научете ги постарите деца како да ја проценуваат оддалеченоста кога се во вода.

5. Водете сметка за промената на времето

Проверете ја временската прогноза пред да им дозволите на децата цел ден да го поминат на базен или на плажа. Научете ги да излезат од вода кога времето се влошува или ако надојде бура. Грмежите се многу ризични и сите би требало да излезат од вода на првиот знак кој најавува дожд или бура, дури и ако живеете на место каде што тоа е секојдневна појава.

6. Заштитете им ја кожата

Заштитата во близина на вода подразбира и грижа за кожата на децата. Водата ги зголемува и ги рефлектира сончевите зраци, а со тоа го зајакнува нивниот ефект. Децата (но, и возрасните), би требало да нанесат поголема количина водоотпорни кремови за сончање од најмалку 35 фактор и редовно да го нанесуваат повеќе пати. Бебињата и малите деца исто така треба да носат шешири кои им ги штитат очите од сонцето. Ако го поминувате целиот ден на плажа, понесете чадор кој лесно се поставува – некаква заштита од сонцето за целото тело.

7. Држете ги децата на око

Повеќето давења се случуваат на деца до 5 години, а вклучени се надворешни џакузи или базени. Речиси три четвртини од давењата се случуваат дома, а не е исклучена ни многу плитката вода, па децата не треба да ги оставате без надзор. Иако помислата дека брзото пронаоѓање на телефонот или земањето ужина може да ви изгледа примамливо, извадете ги децата од базенот или замолете некоја друга возрасна личност да ве замени кога ќе се оддалечите барем на минута.

8. Часови по пливање

Ако вашето дете се наоѓа во близина на вода, размислете за тоа да го запишете на часови по пливање кога ќе наполни 2 или 3 години. Би требало да знаат да пливаат пред да почнат да одат на капење без вас. Ако вашето дете не е претеран љубител на часови по пливање или на водата воопшто, никогаш немојте да го оставате без надзор во близина на вода.

9. Запознајте се со опасностите

Запознајте ги опасностите на местата на кои ќе пливате, без разлика дали тоа се карпести плажи, извори или голем метеж. Ако сте се упатиле на пливање на место кое не го познавате, проверете пред да им дозволите на децата да одат и предупредете ги на што може да наидат.

10. Никако „на глава“

И децата и возрасните на тобоган би требало да се спуштаат на тој начин што нозете први би требало да дојдат до водата. И возрасните и децата би можеле да се повредат ако прво се пуштаат со главата надолу, бидејќи може да се наголтаат вода, а за децата ризикот е уште поголем. Положбата на телото кога нозете се надолу ви овозможува поголема прегледност и брзо реагирање доколку дојде до некоја несакана случка.

11. Пливајте со децата

Дозволувањето на децата сами да играат во вода е добро, но прво и вие пливајте со нив. Покажете им како да бидат безбедни во базенот и помогнете им да откријат ефикасни пливачки движења. Немојте само да седите покрај базенот (или во базенот) и да ги оставите децата да се прскаат без надзор. Влезете внатре со нив.

12. Внимателно со играчките на дување

Бидете внимателни со нив и со другите предмети за забава, особено во приватни базени. Многу лесно може да се издуваат и да се превртат, а малите деца може да останат заглавени под нив и превртени. Ако морате да користите такви играчки, размислете за тоа да користите помали работи, како топки или други помали предмети што не служат за качување.

13. Немојте да пливате во близина на кеј или карпа

Скокањето од кеј може да биде доказ за зрелост во некои заедници, но за малите деца е голем ризик од повреда. Кејот и подрачјата со големи карпи се опасни ако надојдат бранови. Своето подрачје за пливање одвојте го колку што е можно повеќе од овие тврди површини. Ако не постојат други можности, излезете од водата кога брановите се пресилни.

14. Локални суштества од вода

Како и со времето, важно е да се знае какви суштества пливаат во водата во која поминувате време и да препознаете ако се опасни. Генерално, животните настојуваат да се држат подалеку од луѓето, а нападите од ајкули се многу ретки. Меѓутоа, крокодилите може да бидат опасни, како и некои видови риби и други морски животни. Обрнете внимание на знаците за опасност и не влегувајте во вода за која не сте сигурни дека е безбедна.

15. Хидрирајте се

Само затоа што сте во вода не значи дека не треба и да пиете вода. Пливањето и трчањето по плажите предизвикуваат потење, што претставува губење на водата од организмот. Важно е да се хидрирате, особено ако е топло. Затоа е добра идеја децата одвреме-навреме да ја прекинат играта и да се напијат вода пред да продолжат да прават песочни скулптури.



912

X