Ема Тобин, мајка на бестрашното четиригодишно дете, објавила фотографија на која тој плива со џиновска раја на која наишле во текот на нуркањето на крајбрежјето на Бали.

Ема Тобин, покрај својот син Киран Тобин, има уште две девојчиња, тригодишната Пејџ и едногодишната Бони. Ова петчлено семејство има заеднички профил на „Инстаграм“ кој сведочи за нивните водни авантури, а особено за авантурите на синот Киран.

 

 

View this post on Instagram

 

Three babies in 3.5 years- Sometimes I wonder how we even got here, blink and you’ll miss it, so they say. My three little monkeys… ???

A post shared by Emma Tobin (@raisinglittletobins) on

 

 

„Киран нема страв од океанот. Дури и некои возрасни лица што нуркаа се тргнаа подалеку од водните животни, кои се само љубопитни за подобро да нè запознаат“, напишала мајката Ема на објавената фотографија од бестрашниот Киран.

Љубовта на детето кон водата и не е толку необична со оглед на тоа дека неговиот татко е вљубеник во подводниот риболов, а мајката е авантурист.

„Една раја ми помина покрај раката, тоа е навистина неверојатно искуство во тие години“, вели мама Ема.

 

 

View this post on Instagram

 

Australia ?? how we’ve missed you!!

A post shared by Emma Tobin (@raisinglittletobins) on

„Го набљудувате тоа бескрајно, темно море и одеднаш гледате сенка на раја. Малку е застрашувачко, но мојот син ужива“, открила Ема и додала дека нејзиниот син е во чувствителна возраст, но сепак е одлучен во намерата да го истражи океанот и суштествата што живеат во него.

Иако се чини дека Киран е најхрабар, Бони и Пејџ исто така немаат страв од водата и често се дел од различни водни активности што им ги приредуваат родителите.

 



912

X