Научници вршеле истражување врз основа на породувањата во Монтреал, Канада во текот на летниот период.

Врската помеѓу температурата и ризикот од предвремено породување навистина постои. Истражувачите се обиделе да ја покажат врската помеѓу топлината и породувањето, набљудувајќи породувања за време на предвидениот термин и пред него.

Користеле податоци од вкупно 206.929 породувања во термин и 12.390 породувања пред термин, во периодот од јуни и септември од 1981 до 2010 година.

Се покажало дека топлотните бранови, односно 4 до 7 дена по ред со температура над 32 Целзиусови степени може да го зголемат ризикот од предвремено породување за 27 отсто. Практично, се покажало дека жените што биле изложени на тие екстремни жестини обично ги раѓаат децата во 37. и 38. недела наместо во 40.

Токму затоа, на сите трудници им се препорачува да избегнуваат големи горештини и топлотни бранови, бидејќи тие две недели се од големо значење за развојот на бебето.



912

X