Дали сте слушнале дека бремените жени треба да спијат свртени настрана? И не, тоа не се само бабини деветини, и експертите го советуваат истото.

Студијата спроведена на Универзитетот во Хадерсфилд покажала дека се намалува ризикот детето да се роди мртво доколку мајката во текот на бременоста спие настрана, а не на грб.
Не е лесно да се најде удобна позиција за спиење во текот на бременоста, а новото истражување сугерира дека бремените жени треба да спијат настрана.

Научниците ги анализирале навиките за спиење на 851 мајка и 2.257 трудници. Анализата покажала дека спиењето на грб по 28. недела од бременоста го зголемува ризикот за 2,6 пати за бебето да се роди мртво.
Сè уште нема официјално објаснување зошто е така, иако некои експерти тврдат дека лежењето на грб го ограничува протокот на кислород до плодот.

– По 28. недела од бременоста е побезбедно да спиете настрана отколку на грб – велат научниците по спроведената студија.

Д-р Томасина Стејси, водечки автор на студијата, кажува дека спиењето на грб претставува опасност само за мал број трудници, но сепак на сите трудници им препорачува да спијат настрана.



912

X