Еднаш штом ќе станеш родител, светот го гледаш со други очи, а одредени зборови што некогаш го опишувале твојот живот без деца одеднаш имаат сосема ново значење. Собравме некои од најинтересните зборови и објаснувања на нивното ново значење по добивањето деца. Насмевка на лице!
1. Викенд
Без деца: Спиење без аларм и потоа опуштено и лежерно уживање во денот без обврски или барем без обврски што вклучуваат деца. Ручек во 12 или 15 часот? Или можеби ручек во град со пријателките и потоа едно долго кафе. Договорено!
Со деца: Будење во раните утрински часови, терање на децата да се облечат, да појадуваат, на брзина спремање додека сите се подготвуваат да излезат од дома и така натаму и така натаму.
2. Ресторан
Без деца: Уживање во гурманското јадење, со чаша црно вино и друштво на партнерот или пријателите.
Со деца: Обид набрзина да ставиш храна во устата пред на децата да им здосадат играчките или боенките и да почнат со својата „претстава“. Или ситуација број два: Обид набрзина да ставите храна во устата, а истовремено да им давате на децата да јадат.
3. Шетање
Без деца: Романтично шетање со партнерот. Само небото ви е граница!
Со деца: Туркање на количката горе-долу по соседството со надеж дека бебето ќе заспие.
4. Време за бањање
Без деца: Отпуштена пенлива бања со свеќи и чаша вино.
Со деца: Време кое подразбира натопување со вода (иако не сте во када!) додека се обидувате да го избањате своето малечко, на кое прскањето со вода по целата бања му е многу забавно!
5. Посочување со прстот да замолчи
Без деца: Она што ретко го правевте кога некои луѓе беа многу непристојни и гласни во кино.
Со деца: Вашиот константен звук со децата на јавни места, а понекогаш и дома.
6. Замор
Без деца: Кога се подготвувате за спиење по долгиот ден.
Со деца: Кога ќе почнете да халуцинирате откако не сте спиеле три ноќи по ред.
7. Плажа
Без деца: Лежење на сонце или под сенка, со книга, слушалки и тотален зен.
Со деца: Лежење? Ха. Трчање наоколу и скенирање на плажата.
8. Депилирање
Без деца: Редовна грижа за себе.
Со деца: Луксуз во кој можете да уживате секоја полна месечина.
9. Нечисто
Без деца: Нечисто марамче.
Со деца: Што воопшто значи тој збор? По секојдневниот контакт со телесни течности, не сте сигурни која е точната дефиниција.
10. Кафе
Без деца: Вашето утринско отпуштање, понекогаш и попладне, дружење со пријателките – безброј убави спомени.
Со деца: Вашиот извор на енергија.
11. Дремење
Без деца: Можност малку да се одморите во текот на слободните попладниња.
Со деца: Со мака заработениот еден час што сте го добиле за себе додека вашето дете мирно спие.
12. „Лудување“
Без деца: Забавно дружење што траело до зори.
Со деца: Очајна вечер во која бебето постојано плаче, а вие око не сте затвориле.
13. Приватност
Без деца: Време за себе.
Со деца: Приват…. што??
14. Годишен одмор
Без деца: Бегање од секојдневниот живот за да ги наполните батериите и да се одморите.
Со деца: Патување кое вклучува еден тон спакувана облека, борба со уморни деца и враќање дома каде што сфаќате дека сте уште поуморни отколку што сте биле пред да одите на патување.
15. Семејство
Без деца: Често напорни роднини.
Со деца: Она што ви носи најголема радост во животот!
912