Една од честите недоумици на родителите е дали нивното дете јаде доволно. Природата сама се погрижила децата да знаат колку е потребно да јадат, согласно нивните потреби и за соодветен раст и развој. Еве како и вие да го знаете тоа:

Пред каква било позначајна интервенција, поставете си ги следниве прашања:
* Зошто мислите дека вашето дете не јаде доволно?
* Дали јаде помалку од другите деца?
* Дали вашето дете е поситно од врсниците?
* Дали постојано му нудите храна?

Во огромен број случаи не постои проблем доколку:
* Детето не јаде многу.
* Детето јаде многу, но сѐ уште е мало или слабо.
* Детето е природно ситно.

Сепак, неопходно е да обрнете внимание на:
* Телесната тежина на вашето дете, особено ако во краток временски период тежината на детето паднала под долната граница за возраста и висината.
* Крвната слика на детето.
* Расположението на детето.

Ненападно водете сметка за секојдневната исхрана, па според тоа:

* Не дозволувајте грицкање меѓу оброците, дозволена е само водата.
* Бидете смирени и не дозволувајте да ги изгубите нервите навалувајќи му на детето да јаде повеќе, бидејќи тоа често е контрапродуктивно и може кај него да создаде аверзија кон храната.
* Доколку досега сте немале редовен заеднички оброк со детето, време е да испланирате барем еден дневно.
* Одредете време за главните оброци и време за ужина.
* Подгответе ист оброк за сите.
* Вклучете полномасни млечни производи во исхраната на детето, но бидете умерени во тоа.

Време е за ваша реакција и за барање стручна помош доколку:

* Вашето дете е бледо и нерасположено.
* Значително забавило со растот и развојот.
* Крвната слика на детето е лоша.
* Вашето дете станало слабо и потхрането, а не само тенко и ситно.

Автор: Дијана Радетиќ, нутриционист- диететичар

 



912

X