Седум од 15 наставнички во основното училиште „Оук Стрит“ очекуваат бебиња.
Еден плус еден е еднакво на два, а седум бремени наставнички во едно основно училиште е еднакво на бејби-бум.
7 од 15 наставнички во основното училиште „Оук Стрит“ во Годард, Канзас, во текот на учебната година ѝ кажале на директорката дека се бремени.
– Бев многу возбуден бидејќи ова се одлични вести. По третата најава за бременост бев малку шокирана, по четвртата бев навистина во шок, по петтата не знаев што да кажам, а до моментот кога дојде седмата заборавив да ѝ честитам, бидејќи моите зборови беа: „Се шегуваш?“ – изјави директорката на училиштето, Ешли Милер.
Милер, која 20 години работи во училиштето, вели дека никогаш немало толку бремени во зградата.
Две од седумте наставнички веќе се породиле. Родиле две здрави девојчиња.
За среќа, бременостите на наставничките не се преклопуваат, така што нема сите наставнички да бидат на породилно отсуство одеднаш. Училиштето зема наставници на замена кои ќе го пополнат нивното место кога ќе бидат на породилно.
Последните три бебиња треба да се родат во октомври. Училиштето веќе е блиска заедница, а искуството со седумте бремености ги зближи уште повеќе, велат и директорката и наставниците.
– Позабавно е кога има повеќе мајки. Се среќаваме во ходникот и се прашуваме една со друга. Не знам дали многу луѓе го имаат ова искуство на работа – вели Кели Џо Шехон, наставничка во четврто одделение која очекува близнаци.
Три наставнички планираат да се породат во иста болница, а голема е веројатноста нивните деца да посетуваат иста градинка во рамките на основното училиште „Оук Стрит“.
– Некои од нас веќе имаат деца кои поминале во „Оук Стрит“. Имаме многу вечерни активности што ги правиме заедно, па местото е навистина забавно бидејќи сите си ги носиме децата – вели директорката Милер.
Училиштето неодамна доби одобрение за реновирање, кое ќе започне во мај, на крајот од училишната година. Милер вели дека би сакала при реновирањето да биде направен и дневен центар за децата на вработените.
– Знам дека нема да ми одобрат, но сепак ќе прашам – вели таа.
912