Она што им го кажуваме на малите момчиња денес ја обликува нивната самодоверба, емоционална интелигенција и начинот на кој ќе се справуваат со животот во иднина. За да одгледаме емпатични и добри мажи, на нашите синови им е потребна постојана поддршка и сигурност.
Еве 11 клучни фрази кои момчињата треба често да ги слушаат во секојдневниот разговор:
1. „Ти си неверојатен“
Кога детето слуша искрена пофалба за своите постапки од луѓето што најмногу ги сака, неговата самодоверба расте. Важно е пофалбите да се поврзани со неговиот труд и делата, а не само со стереотипите за тоа „какви треба да бидат машките“.
2. „Ти си храбар“
Потсетувајте го како бил храбар во мали нешта, дури и кога му било страв од лекар или од нова ситуација. Тоа ќе му помогне да си ја врати сигурноста кога ќе биде исплашен, дури и кога ќе стане адолесцент.
3. „Ти можеш да го направиш тоа“
Овие зборови се семе на неговата самоефикасност. Тие го поттикнуваат да се труди, да се соочува со предизвици и да истражува работи надвор од вообичаените родови стереотипи.
4. „Можеш да ми кажеш сè“
Оваа реченица му создава емоционална сигурност. Му покажува дека нема „добри“ или „лоши“ чувства и дека кај родителите неговите мисли се безбедни, што е клуч за неговото ментално здравје.
5. „Извини“
И момчињата треба да видат дека возрасните прават грешки и знаат да се извинат. Кога покажувате смиреност по сопствената грешка, го учите и него да го прави истото.
6. „Грешките се нормални“
Никој не е совршен. Кога ќе згреши нешто (на пример, кога ќе истури млеко), покажете му дека грешките се само начин на кој се учи, а најважно е да се преземе одговорност и да се поправи штетата.
7. „Сосема е во ред да плачеш“
Сите имаме емоции, и среќа, и тага, и страв. Плачењето е природен начин на кој телото се ослободува од тензијата и тоа е нормално и за мажите и за жените.
8. „Горд сум на тебе“
Секое момче има потреба да го слушне ова од родителите. Важно е да му покажете дека се гордеете со него.
9. „Секогаш ќе бидам тука за тебе“
Ова е врвна изјава за психолошка сигурност. Без разлика на семејната динамика или околностите, детето мора да знае дека има на кого да се потпре кога ќе наиде на проблеми.
10. „Те сакам, без разлика на сè“
Оваа реченица треба да се кажува и покажува. Децата често се сомневаат во родителската љубов кога ќе згрешат или ќе прекршат неко правило. Уверувањето дека вашето секојдневно незадоволство од одредено однесување воопшто не ја менува вашата љубов кон него е непроценливо.
11. „Ти си силен и можеш да побараш помош кога ти е потребна“
Вистинската сила не значи сами да го носите товарот. Учењето дека барањето помош е знак на храброст, а не на слабост, им помага на момчињата да изградат здрави и отворени врски во зрелоста.