Времетраењето на летниот распуст варира од земја до земја низ Европа. Додека на југот учениците уживаат во долги, неколкумесечни летни паузи, во северните и западните земји фокусот е ставен на пократок летен одмор, но со подобро распоредени кратки распусти во текот на целата учебна година.
Каде сме ние во целата слика? Во Македонија летниот распуст трае околу 12 недели (од 10 јуни до 1 септември), што нè става во иста категорија со земјите со најдолги летни распусти во Европа.
Колку недели трае летниот распуст?
- 14 недели: Италија
- 13 недели: Малта, Латвија, Кипар
- 12 недели: Македонија, Хрватска, Литванија, Естонија, Грција
- 11 недели: Романија, Шпанија, Бугарија
- 10 недели: Ирска, Португалија, Финска, Унгарија, Словенија, Шведска
- 9 недели: Австрија, Словачка, Полска, Чешка, Луксембург
- 8 недели: Франција, Белгија
- 6 недели: Германија, Холандија, Данска
Италијанските ученици се на самиот врв со речиси 14 недели летна идила, а учениците кај нас, како и во Хрватска, Грција и Естонија, не заостануваат многу зад нив со 12 недели летен одмор.
Од друга страна, во Данска, Германија и Холандија летниот распуст е многу пократок, трае само 6 недели, но затоа учениците таму имаат почести и подобро распоредени мини-распусти во текот на целата година.
Што мислите вие? Дали сте за долг летен маратон како кај нас или за подобро распоредени кратки одмори во текот на целата година?