Иако голем дел од родителите го избираат името за своето дете уште пред неговото раѓање, а во некои традиции се практикува името да се даде според светецот на чиј ден е родено детето, трендовите кај имињата постојано се менуваат.
Со цел да утврдат кои имиња ќе доминираат во следните години, експертите по ономастика (специјалисти кои го проучуваат потеклото и развојот на личните имиња) анализирале речиси 300.000 варијанти. Врз основа на статистиката за новородени, трендовите од последните неколку години и проекциите за иднина, создадена е листа со 15 имиња што ќе бидат најпопуларни во светот до 2030 година.
Имиња за девојчиња што ќе бидат хит до 2030 година:
- Аделина
- Амелија
- Анастасија
- Арија
- Вера
- Камила
- Миа
- Оливија
- Софија
- Ема
Имиња за момчиња што ќе доминираат до 2030 година:
- Александар
- Лука
- Матеја
- Никола
- Федор
Кое од овие имиња ви се допаѓа најмногу и дали би одбрале некое од нив за своето дете?