Совети

„Не праќајте ги децата вака облечени во градинка!“ Воспитувачките откриваат кои парчиња облека им создаваат најголеми проблеми

Раното утринско спремање за градинка често е трка со времето, па родителите обично ја избираат онаа облека што прва ќе им дојде при рака. Иако секој родител сака неговото дете да биде чисто, уредно и убаво облечено, практичноста на облеката е многу поважна, како за детето така и за воспитувачките кои секојдневно се грижат за голем број деца.

На популарен странски форум, вработени во детски градинки споделија листа со парчиња облека кои најмногу им го отежнуваат пресоблекувањето, одењето во тоалет и секојдневните активности на децата.

Што најмногу им го отежнува денот на воспитувачките и негувателките?

  • Пелени-гаќички: Воспитувачките истакнуваат дека овие пелени се исклучително непрактични. За да се смени една ваква пелена, на детето мора целосно да му се соблечат и панталоните и чевлите. Кога треба да се пресоблечат многу деца, ова одзема премногу време.
  • Панталони со прерамки: Тие се најлошиот избор за деца кои се во фаза на одвикнување од пелени. Детето не може самостојно да ги соблече кога има итна потреба да оди во тоалет.
  • Премногу слоеви облека: Комбинацијата од хулахопки, чорапи, комбинезони и џемпери поставени едно преку друго значително го забавува секое пресоблекување.

Која друга облека и обувки треба да ги избегнувате?

Во дискусијата се приклучија и други вработени, издвојувајќи ги следниве непрактични парчиња:

  • Патики со врвки кои детето сè уште не знае да ги врзува самo.
  • Длабоки патики/чевли кои тешко се обуваат.
  • Едноделни комбинезони и боди-маички со многу копчиња.

Како правилно да го облечете детето за во градинка?

Воспитувачите препорачуваат избор на удобна и едноставна облека што детето може самостојно да ја облече и соблече. Ова не само што им ја олеснува работата на вработените, туку му помага и на детето да развие самостојност и самодоверба.

  • Најдобар избор:
    • Тренирки или панталони со ластик на струкот.
    • Памучни маички и дуксери кои лесно се облекуваат преку глава.
    • Обувки и патики со лепенки наместо со врвки.

Извор

Поврзани написи

To top