Совети

Педијатар открива 9 знаци дека вашето дете заспива премногу доцна

Времето за заспивање е индивидуално за секое дете и зависи од возраста, физичката активност и низа други фактори. Поради тоа, одредувањето на вистинскиот момент за легнување понекогаш може да биде вистински предизвик за родителите, особено во летниот период или за време на распустите, кога сите рутини лесно паѓаат во вода.

Иако подолгите и релаксирани вечери се пријатни за целото семејство, тие често водат до премореност кај децата. Докторката предупредува дека родителите грешат кога мислат дека премореното дете едноставно „изгледа поспано“.

Таа објаснува дека премореното дете има зголемено ниво на кортизол и адреналин, па наместо да спие, станува уште похиперактивно и поенергично.

9 знаци дека вашето дете премногу доцна оди на спиење:

  1. Добива „втора енергија“ и станува хиперактивно доцна навечер.
  2. Се мачи да заспие: Редовно му требаат повеќе од 30 до 60 минути да заспие откако ќе легне.
  3. Чести емоционални испади: Навечер се почести нападите на бес и плачењето.
  4. Зголемена агресија: Се јавува импулсивно однесување, удирање или туркање.
  5. Изгледа „дивo“ непосредно пред времето за легнување.
  6. Се буди нерасположено и раздразливо, иако преспало цела ноќ.
  7. Тешко се буди изутрина за градинка или училиште.
  8. Заспива многу брзо во автомобил или за време на мирни и тивки активности во текот на денот.
  9. Станува премногу приврзано и има сериозни проблеми да ги контролира емоциите.

Доколку го забележите ова однесување кај вашето дете, тоа е јасен сигнал од неговиот организам дека вечерната рутина треба да започне малку порано.

Што да направите:

  1. Поместувајте го времето за спиење: Поместувајте го времето за легнување за 15–20 минути порано неколку дена.
  2. Бидете доследни: Одржувајте ја истата рутина за спиење секоја вечер, дури и за викендите.
  3. Исклучете ги екраните: Намалете ги сите стимулирачки активности и екрани 1 до 2 часа пред легнување.
  4. Внимавајте на дневните дремки: Внимавајте дремките да бидат соодветни за возраста, да не бидат премногу доцна, ниту предолги.

Поврзани написи

To top