Кога детето плаче, природната реакција на секој родител е да сака да го утеши. Но, понекогаш наместо сочувство, кај нас се раѓа ненадеен бес, иритација или желба со сите сили веднаш да ги сопреме тие солзи.
Во ова видео Абу Ашраф од профилот @misterneurodevelopment отвора една длабока и често занемарена тема од детската психологија и родителството:
Проблемот најчесто не е во самиот плач на детето. Детските солзи знаат да бидат моќен тригер што го буди оној дел од родителот кој во сопственото детство не бил слушнат.
Многумина од нас растеле во време кога од нив се барало постојано „да бидат силни“, каде што плачот се сметал за слабост и каде што на детето не му било дозволено слободно да ги изрази своите емоции. Кога раните од минатото не се заздравени, емоционалната болка на детето почнува несвесно да нѐ вознемирува.
Од педагошки и развоен аспект, на децата не им треба родител кој по секоја цена брзо ќе ги сопре нивните солзи. Им треба стабилен и присутен родител кој ќе остане со нив низ таа емоција и ќе им покаже дека е во ред да се чувствуваат така.
Погледнете го видеото во продолжение: