Игротека

Голема саботна забава со Биби и Боби во „Џевахир мол“

Омилените детски јунаци на македонската публика, Биби и Боби, викендов ќе приредат уште едно незаборавно доживување за најмладите. Големата семејна дружба е закажана за утре, 18 јули 2026 година, во холот на трговскиот центар „Џевахир мол“, со почеток во 12 часот.

Како што најавуваат организаторите, настанот ќе биде исполнет со многу песна, игра и забава за децата. Најмладите посетители ќе имаат можност одблиску да се сретнат и да се фотографираат со Биби и Боби, кои со години се инспирација и симбол на детската радост во земјава.

За време на настанот се очекува препознатливата атмосфера, каде што присутните заедно ќе ги пеат добро познатите детски хитови.

Организаторите ги покануваат сите родители да ги донесат своите дечиња и да бидат дел од овој убав саботен настан кој ветува многу насмевки, прегратки и позитивна енергија.

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

To top