Здравје

Д-р Бесел ван дер Колк: Траумите од детството се лекуваат, а клучот е во моќта на родителскиот збор!

Ако сте пораснале во нестабилна или емоционално студена средина, вашиот мозок се приспособил за да преживее во таа специфична околина. Денес, децении подоцна, вие веројатно сè уште функционирате според истите тие тактики, иако опасноста одамна поминала. Добрата вест од современата биологија е јасна: возможно е да се промениме и да заздравиме.

Апсолутно ДА: траумата од детството се лекува

Светски познатиот психијатар и експерт за траума д-р Бесел ван дер Колк (автор на „Телото памети“), на прашањето дали е можно да се излечат раните од детството, одговара со едно децидно: апсолутно!

Иако траумата го менува нервниот систем, мозокот поседува невропластичност – тој не е засекогаш заробен во минатото. Преку терапија и свесна работа на себе, телото може да научи дека сега е безбедно, со што ќе ги исклучи старите одбранбени механизми кои денес само ни штетат.

Моќта на родителскиот збор: она што му го зборувате на детето, тоа и станува

Пред да го објасни заздравувањето, д-р Ван дер Колк упати клучна порака до родителите:

„Ако на децата им зборуваме дека се добри, паметни и вредни, така и ќе се чувствуваат. Но, ако им се обраќаме со лоши зборови и навреди, тоа станува нивна реалност.“

Зборовите на родителот во детството стануваат внатрешен глас кој човекот го слуша во својата глава во текот на целиот живот. Негативните етикети ја моделираат архитектурата на детскиот мозок и создаваат несигурност со која подоцна се бориме како возрасни.

Заздравувањето почнува со свесност

Нашите сегашни анксиозности не се наш „дефект“, туку рефлекс кој некогаш нè спасил од хаосот. Кога тоа ќе го разбереме, време е да ги замениме старите верувања со самоприфаќање и да го прекинеме тој круг со сопствените деца. Насоката во реалноста зависи од нас.

Поврзани написи

To top