Држењето на новороденчето е прекрасен начин за зближување, но бара малку вежбање бидејќи секое бебе има различна положба која му е омилена во одреден момент од денот.
Во првите 6 до 8 недели вратот на бебето е слаб, па затоа секогаш мора со едната рака да ги поддржувате неговата глава и врат.
Четири едноставни положби и нивните предности:
- Положба свртена нанадвор (со грпчето кон вас): Одлична положба доколку бебето е нахрането. Бидејќи не гледа директно во градите, не му се будат рефлексите за храна и може мирно да го набљудува светот.
- Положба преку рамо: Идеална за смирување пред спиење. Кога бебето е потпрено на вашето рамо, тоа не го гледа вашето лице – ова ја намалува визуелната стимулација и му помага полесно да се опушти и да заспие.
- Положба за олеснување грчеви: Држете го бебето свртено нанапред, со раката под неговото меше. Оваа положба нежно ги истегнува неговите стомачни мускули и многу помага за полесно исфрлање на гасовите.
- Положба на стомаче (преку рака): Легнете го бебето со стомачето свртено надолу по должината вашата подлактница. Овој благ притисок на папочната зона им годи на многу бебиња кога се немирни.
Кога надвор е многу топло, бебињата знаат да бидат понервозни. Во такви денови практикувајте положби со помалку контакт „кожа на кожа“ за да не му ја кревате дополнително телесната температура на вашето малечко. Експериментирајте со положбите и откријте која најмногу му се допаѓа денес!