Образование

Зошто некои деца знаат како да прераскажат приказна, а некои не?

Во практика честопати ја гледаме истата ситуација во група деца, и во претшколска и во рана училишна возраст, кога некои многу сакаат да слушаат приказни, но кога ќе ги замолиме да прераскажат приказна, или одбиваат или настапува тишина. Не затоа што не знаат. Туку затоа што прераскажувањето е една од најсложените јазични вештини.

За да може детето да прераскаже приказна, мора:

– да го запомни редоследот на настаните

– да ги разбере причината и последицата

– да го оддели важното од неважното

– да ги поврзува речениците во целина

– и да зборува пред други во исто време.
Ова е, всушност, основата за подоцнежно разбирање на текстот што го читаат. Децата честопати не можат да прераскажат приказна по читањето, но затоа можат по играњето, особено во симболичката игра. Кога детето презема улога (станува баба, куче или мало глувче), тоа не „одговара на прашање“, туку учествува директно во настанот. Тие ја паметат акцијата од приказната преку своето тело, движење и емоции, па затоа потоа говорот доаѓа природно. Оттука доаѓа потребата за повеќе драмски изведби на текстовите од приказните и нивна обработка во предучилишната возраст, како во предучилишните установи така и дома. Со таквата стимулативна подготовка децата подобро и полесно ќе ги задоволат подоцна училишните барања во школската возраст.

Автор: м-р Христина Стефановска, психолог и автор на литература за деца

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top