Игротека

Тригодишно девојче плаче кога гледа видео од мајката бремена со неа: „Сакам да се вратам“

Реакцијата на едно 3-годишно девојче на видео од бременоста на нејзината мајка ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи.

Во 2022 година мајката на Линдзи снимила кратки видеа на кои се прикажани последните десет недели од нејзината бременост, за да се сети на прекрасниот (а понекогаш и предизвикувачки) период. Но, се покажало дека видеото не е важно само за неа – нејзината 3-годишна ќерка Кинзли едноставно не може да престане да го гледа.

Линдзи неодамна ѝ го покажала видеото на својата ќерка Кинзли и била изненадена од нејзината реакција. Девојчето го пуштало одново и одново, а потоа се расплакало. Линдзи изјавила дека видеото „ја допрело во срцето“.

Таа ја снимила реакцијата на својата ќерка и ја објавила на својот профил на „Тик-ток“. Видеото ја покажува Кинзли како ги брише солзите пред тивко да каже: „Сакам да се вратам“. Кога нејзината мајка ја прашува каде сака да се врати, таа едноставно одговара: „Во твојот стомак“.

-Штом го виде видеото, буквално се приврза за него и сакаше да го гледа одново и одново. Секојпат ја погодуваше сè посилно и посилно и едноставно почна да плаче. Тогаш ја прашав зошто е толку тажна. Одговорот целосно ме изненади. Не очекував да биде толку емотивна гледајќи го тоа видео. Се чувствував како да се сеќава дека еднаш била во мојот стомак, бидејќи постојано велеше дека сака да се врати – рекла мајката.

Линдзи и претходно ѝ покажувала фотографии и видеа од нејзината бременост на нејзината ќерка, но никогаш не доживеала ваков вид реакција. Дури и кога била бремена со својот син, Кинзли не била премногу заинтересирана. Но, се чини дека нешто во видеата од периодот кога нејзината мајка била бремена со неа било особено трогателно.

@lindsieostrowski

Oh my sweet girl I love you so much! Tried VERY hard to explain to her that is not possible but the tears just kept coming. We now watch the video daily 🤦🏼‍♀️

♬ original sound – Life | With | Linds

Мајката веднаш се обидела да ја утеши

-Кога почна да плаче, само ја држев в прегратка и ѝ реков дека нема да можам да ја гледам секој ден ако се врати во мојот стомак – ниту пак таа ќе може да нè види нас. Ја бакнував многу и ја прегрнав цврсто – рекла таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top