Секој тинејџер сигурно слушнал реченици од своите родители за некогашната, стара, „наша“ технологија. Секој слуша и превртува очи за тоа како денешните родители немале мобилни телефони, паметни телефони, компјутери и се забавувале без нив. Исто така, знаеме дека немало телевизор кој може да се добие тукутака, ниту можело да се слуша музика освен ако не се купи цеде или не се вклучи радио.
Денешните генерации деца, ни се чини, се наситиле од такви искуства и не сакаат да мислат дека се полоши од нас. Секако, она што го велат нивните родители не е она сакаат да го слушаат. Но, нешто друго е неочекувано, ако се гледа од родителска гледна точка. Генерацијата З е презаситена од модерната технологија! Како го знаеме ова? Наидовме на бројки кои го покажуваат и докажуваат тоа.
Компанијата „Стартл“, која се занимава со аудио-визуелни искуства и брендирање, спроведе мала студија која покажува дека цената на некои модерни албуми на касети, кои се продаваат на британскиот „Ибеј“, вртоглаво расте, а цената се зголемува уште повеќе со препродажба.
Во просек, овие касети сега се продаваат за двојно поголема цена од оригиналната малопродажна цена, а најбараните наслови се продаваат за повеќе од десет пати поголема цена од оригиналната. Да, на почетокот „музиката“ била многу скапа, потоа поевтина, потоа бесплатна, а сега се движиме кон повторно зголемување на цените.

Не е невообичаено сè да „циркулира“. Малите серии, брзата продажба и постојаниот интерес на клиентите ги зголемуваат вредностите. Истражувањето покажало дека албумите од првата деценија на 21 век во моментов имаат највисока вредност за препродажба, во просек 67 евра. По нив следуваат поновите албуми (58 евра и 46 евра). Сепак, некои сегашни поп-ѕвезди како Кендрик Ламар и Тејлор Свифт се на самиот врв според бројот на продадени касети. Некои такви касети се продаваат за 200 или 300 евра.
Во Велика Британија продажбата на касети се зголемила за 204 % во првиот квартал од 2025 година. Во истиот период, пребарувањата за терминот „касетофон“ надминуваат речиси 20.000 месечно. Значи, ако вашиот тинејџер ве замоли за вокмен за Божиќ, можеби тоа не е е нешто бесмислено.
Пред две децении луѓето го користеа интернетот за да избегаат од реалноста, а сега ни треба реалноста за да избегаме од интернетот.
Автор: Наташа Крстичевиќ