Игротека

Скарлет Јохансон открива дека семејството ја критикувало поради името што му го дала на синот

Изборот на име е важен дел од родителството и одговорноста на родителите. Понекогаш остатокот од семејството го прифаќа изборот без забелешки, како што и треба да биде, а понекогаш тоа не е случај.

Иако не е лесна задача, изборот на името на бебето секогаш е на родителите и тие ја носат конечната одлука. Другите можат да даваат совети, идеи или предлози, но финалната одлука е на родителот. Никој друг не би требало да се меша во тоа.

Сепак, понекогаш семејството едноставно не може да премолчи. Ова се случува и кај славните личности, па слично искуство имала Скарлет Јохансон кога го открила името на својот син – Космо.

Јохансон, која го добила Космо заедно со сопругот Колин Јост, открила дека некои членови на семејството не биле баш задоволни од името.

– Кога му го дадовме името Космо на синот, всушност, никому не кажав токму поради таа причина. Не сакав чудни реакции. Знаете, кога им кажувате на луѓето и тие велат: „Името е… поинакво“, и вие помислувате: „Што се случува? Не ти се допаѓа?“ – рекла Јохансон.

Мајката на Скарлет била воодушевена, но свекрвата не можела да сфати зошто избрале такво име.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top