Игротека

Марго Роби објаснува зошто го држи едногодишниот син подалеку од очите на јавноста

Марго Роби сака да го заштити своето семејство од јавноста. Повеќе од една година откако со сопругот Том Акерли го доби својот син, славната актерка објасни зошто детето го држи подалеку од очите на јавноста. Во неодамнешно интервју 35-годишната ѕвезда зборуваше за тоа како се справува со медиумскиот притисок.

– Се обидувам тој дел од животот да го задржам приватен и да го заштитам. Порано во кариерата многу послободно зборував. Многу пати сум се „изгорела“ кога луѓето ги вадеа од контекст моите зборови. Постојано читам работи во кои ми ставаат зборови в уста за нешта што никогаш не сум ги кажала – изјави Марго.

Таа се потсетува на првиот пат кога медиумите погрешно ја цитирале, пред десет години.

– Не можев да сфатам и ми беше чудно зошто ги измислуваат тие работи. Не постоеше начин да го сменам или да го контролирам тоа. Морав само да го прифатам – вели таа.

Ретко зборува за мајчинството

Иако со текот на времето научила да се носи со таквите непријатни ситуации, Марго сфатила дека мора да постави граници за да го заштити своето ментално здравје.

– Кога од дваесеттите ќе преминете во триесеттите, почнувате да си велите: „Ќе ги правам работите поинаку. Ова се моите нови граници“ – објаснува таа.

Актерката цврсто се држи до одлуката за приватност, а откако минатиот ноември стана мајка, само еднаш јавно зборуваше за мајчинството.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top