Игротека

Што најчесто гуглаа родителите во 2025 година?

Во дигиталната ера на родителството „Гугл“ стана незаменлива алатка за решавање на секојдневните предизвици, од ненадејна температура до разјаснување на мистериозниот тинејџерски сленг.

Годишната анализа на трендовите во пребарувањето открива кои прашања најмногу ги мачеа родителите во 2025 година и нè потсетува дека не сме сами во грижите.

Најчести прашања за бебиња

Без разлика дали ви е прво или шесто дете, бебињата секогаш носат изненадувања. Нивното однесување знае да нè насмее, но и сериозно да нè загрижи. Утешително е тоа што и другите родители пребаруваат исти работи. Еве што најчесто се барало:

Удирање со глава в ѕид – Иако е вознемирувачко, ова однесување често има безопасни причини како самосмирување, изразување емоции или болка поради растење на забите.

Штипкање додека заспиваат – Како што ја развиваат фината моторика, најчесто само истражуваат со допир, а вие сте најблиску до нив.

Ненадејно земање воздух додека спијат – Причина може да биде гастричен рефлукс или надуеност. Ако е изразено или трае подолго, консултирајте се со лекар.

Плачење во сон, но без да се разбуди – Глад, непријатност или кратки циклуси на спиење може да предизвикаат плачење во сонот.

Појава на подочници – Недостиг на сон, настинка или никнување заби може да доведе до темни кругови.

Меурчиња во устата – Зголемено лачење плунка поради никнување на забите или природен развој често создава пена или појава на меурчиња.

Повраќање еден час по јадење – Ова е често кај бебињата и станува збор за нормална појава.

Спиење со отворена уста – Затнат нос од настинка или алергии може да предизвика привремено дишење на уста.

Брзо дишење додека спијат – Периодичното дишење е нормална развојна фаза која ќе ја надраснат.

Тинејџерски речник што ги збунува родителите

Ако сте родител на тинејџер, веројатно сте чуле изрази што звучат како таен код. Не сте единствени – податоците на „Гугл“ покажуваат кои зборови најмногу ги збунувале родителите:

67 – Овој, во суштина бесмислен број, е на врвот на листата, особено затоа што „Dictionary.com“го прогласи за збор на 2025 година.

„Сигма“ – Опис за независна личност, своја и самоуверена и е поим што стана многу популарен.

41 – Уште еден бесмислен броj што служи да ги збуни оние што не го „знаат значењето“.

„Скибиди“ – Збор без конкретно значење. Може да слушнете: „Што се, скбиди, случува овде?“

„Охајо“ – Се користи за нешто „чудно” или „непријатно“.

„Риз“ – Оксфордски збор на 2023 година што означува харизма и шарм.

„Гуд бој“ – Тренд што многумина би сакале да исчезне и се користи за нешто да се потцени или со саркастичен тон.

„Скибиди тојлет“ – Слично како „Скибиди“. Поим за што било: добро, лошо, чудно или смешно.

„Аура“ – Комплимент за некој што природно изгледа „кул“ или остава посебен впечаток.

„Чет“ – Ако вашето дете спомене „чет“, најчесто не е личност, туку е обраќање слично на „брат“ или „другар“.

Како што покажуваат овие податоци, „Гугл“ стана неформална дигитална огласна табла за грижите и прашањата на родителите. Трендовите откриваат дека не се соочуваме само со слични предизвици, туку и дека одговорите често ги бараме во исто време, со што меѓусебно создаваме невидлива, но силна врска.

Извор

Поврзани написи

To top