Игротека

Мајка го објави списoкот со божиќни желби на својата ќерка – ќе ви го скрши срцето

Како што се наближуваат Божиќ и Нова година, децата ги составуваат своите списоци со желби за Дедо Мраз, а родителите најчесто очекуваат на нив да најдат најнови играчки, уреди или можеби ново домашно милениче. Но една мајка била изненадена и ѝ се скршило срцето откако открила што си посакала нејзината 8-годишна ќерка.

Сузи Боливер го споделила списoкот со желби на својата осумгодишна ќерка. На почетокот списoкот изгледал сосема вообичаено за нејзината возраст: кадифени играчки, розов „ајпад“ и нови шарени боички. Но, последните две желби на списoкот откриле тажна реалност. Девојчето напишало дека сака повеќе пријатели и помалку малтретирање.

– Кога ќе го добиете божиќниот списoк со желби од вашата осумгодишна ќерка… Срцето ми се скрши – напишала Боливер.

Списoкот ја истакнал големината на проблемот со врсничкото насилство во училиштата, а многу корисници во коментарите ја изразиле својата загриженост.

Според податоците на организацијата „Стомп аут булинг“, секое четврто дете е жртва на врсничко насилство, а дури 5,4 милиони деца признале дека отсуствувале од училиште поради страв од малтретирање.

@thebolivers

I wasn’t going to post this, but you know what.. this is being 8 yrs old in 2022 and maybe we should be talking about it..

♬ Get You The Moon – Kina

Експертите од „Анти-булинг алајнс“ советуваат дека првиот чекор е да се увери детето дека тоа што се случува не е негова вина. Најважно е да ги уверите децата дека нема да преземете ништо без претходно да разговарате со нив. Клучно е да се дознае што детето сака да се преземе понатаму и да му се помогне да ги идентификува можните чекори и вештини што може да ги користи за да го реши проблемот.

Откако ќе се направи план, следен чекор е детето да се вклучи во активности надвор од училиштето, како спорт или уметност. Новите средини и искуства можат да го подобрат самопочитувањето и повторно да ја вратат самодовербата.

Во меѓувреме, ќерката на Сузи Боливер стекнала многу пријатели преку интернет. Многумина понудиле да ѝ испратат разгледници и подароци. Заблагодарувајќи им се на сите за поддршката, мајката открила дека ќе ја запише на часови по борачки вештини за да ѝ помогне да ја стекне самодовербата потребна да создава нови пријателства и да научи да се залага за себе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top