Игротека

Што навистина мисли вашето дете за вас? Поставете му ги овие прашања и подгответе се за смеа

Поставете му ги овие прашања на вашето дете и дознајте како ве гледа, што правите добро, а што не баш најдобро. Подгответе се за смеа, но можеби и за солзи бидејќи постои шанса некои одговори да ве допрат или да не ви се допаднат.

Децата знаат да нè изненадат со прашања, забелешки и коментари затоа што светот го гледаат сосема поинаку од нас, што е сосема нормално. Но дали некогаш сте се запрашале како ве гледа вашето дете? Постои забавен начин да го откриете тоа, преку поставување одредени прашања.

Одличната работа е што на овие одговори можете да се навратите и по многу години или, пак, да му ги поставите истите прашања повторно кога ќе порасне.

Еве ги прашањата што можете да му ги поставите на вашето дете за вас:

Што мама секогаш ти кажува?
Што ја прави мама среќна?
Што ја прави мама тажна?
Како те смее мама?
Каква била мама кога била дете?
Колку години има мама?
Колку е висока мама?
Кој е омилениот предмет на мама?
Што прави мама кога тебе те нема?
Ако мама стане позната, што ќе ни донесе тоа?
Во што мама е навистина добра?
Во што мама не е баш добра?
Која е професијата на мама?
Со што те прави мама горда?
Кое е омиленото јадење на мама?
Што правите ти и мама заедно?
По што вие двајцата сте слични?
Ако твојата мајка е лик од цртан филм, кој би била?
По што се разликувате ти и мама?
Како знаеш дека мама те сака?
Што најмногу сака мама кај тато?
Кое е омиленото место на кое оди мама?
Колку години имала мама кога те родила?

Бонус-прашања

Кога би освоил милион евра, што би направил со тие пари?
Кој професија би сакал да ја работиш кога ќе пораснеш?
На колку години стануваш полнолетен?
Кога би можел да смениш едно правило, кое би било тоа?
Што ти е најважно?

Извор

Поврзани написи

To top