Иако мајките се симбол на нежност и љубов, нема причина и татковците да не станат синоним за љубов.
Во денешно време понекогаш е тешко да се најде момент за мали моменти на нежност. Не мислиме на големи гестови на љубов како купување нова играчка или посета на зоолошка градина, туку на оние мали, секојдневни мигови што на вашето дете можат да му го променат светот.
Овие мали совети може да ви служат како потсетник дека за љубов не е потребен голем гест, туку прегратка или бакнеж за лека ноќ.
Прегратки со семејството
Смеата е најдобриот лек, а прегратката е прва помош. Затоа, воведете нова семејна традиција – семејни прегратки. Тие се особено корисни ако почувствувате дека се спрема расправија со сопругата или има нервоза кај вашето малечко. Нема нешто што прегратката не може да го излекува.
Капење во пена
Наместо секој ден да го туширате детето, понекогаш дозволете му да се бања во када полна со пена и неговите омилени играчки. Без разлика дали имате девојче или момче, земете ги омилените играчки, прскалки и сунѓерчиња и играјте.
Ослободете се од количката
Ако уште го возите вашето дете во количка, време е да ја паркирате количката и да тргнете во авантура. Фатете го детето за рака и прошетајте низ маалото.
Време е за спиење
Организирајте посебен ритуал пред спиење. Без разлика дали станува збор за приказна, малку гушкање, игра со меките играчки или мали ноќни разговори.

Утринска рутина
Утрата се особено напнати и брзо летаат. Не заборавајте дека децата знаат да се расплачат или растажат поради брзањето. Издвојте пет минути секое утро за ваш посебен ритуал! Тоа може да биде облекување, појадување или краток поздрав што ќе го користите само вие и вашето дете.