Игротека

Предизвици со кои се соочуваат децата перфекционисти и како тие се одразуваат во зрелоста

Перфекционизмот може да звучи како „позитивна мaна“, но децата што растат со очекување за совршенство често носат последици и во зрелоста. Ова се дел од нив:

Тешко се прифаќаат себеси – Критиките од детството стануваат внатрешен глас што им ја поткопува самодовербата.

Не знаат како да примат комплименти – Пофалбите им се чинат неискрени и тешко им е да веруваат дека ги заслужуваат.

И самите стануваат перфекционисти – Најстроги се кон себеси, дури повеќе отколку кон другите.

Често се соочуваат со исцрпеност – Постојаната потрага по совршенство води до физичко и ментално исцрпување.

Се плашат од неуспех – Стравот од грешка го забавува личниот и професионалниот развој.

Потиснуваат лутина и непријатност – Тешко ги изразуваат своите чувства и потреби.

Секогаш сакаат да им угодат на другите – Потребата за одобрување емоционално ги исцрпува.

Тешко градат здрави односи – Често бараат потврда наместо рамнотежа и поддршка во односите.

Не бараат помош кога им е потребна – Навикнати се „сѐ да прават сами“, а на помошта гледаат како на неуспех.

Не знаат да постават граници – Затоа што не поставиле граници во детството, тешко знаат кога и како да кажат „не“.

Извор

Поврзани написи

To top