Здравје

Отворени прозорци – безбедносен ризик за децата

Секоја година во САД околу 3.300 деца на возраст до пет години завршуваат во болница поради пад од прозорец. Во просек, годишно има и осум смртни случаи.

Според податоците на Американската комисија за безбедност на потрошувачи, овие несреќи најчесто се случуваат кога децата се потпираат на мрежите од прозорците или кога се качуваат на мебел поставен покрај отворен прозорец.

– Смртните случаи и тешките повреди што ги гледаме се ужасни, а во многу случаи можат да се спречат. Сакаме родителите да размислат за безбедноста пред да ги отворат прозорците кога околу нив има мали деца. Кога прозорците се отворени, потребен е активен надзор – вели Инец Тененбаум, претседателката на комисијата.

Падовите од прозорци значително се зголемуваат во текот на пролетните и летните месеци, кога родителите ги отвораат прозорците за да го разладат домот. Мрежите не се доволна заштита бидејќи тие се дизајнирани да штитат против комарци, а не како заштита за децата.

Како безбедносна мерка, се препорачува употреба на заштитни решетки или стопери за прозорци, кои се лесни за поставување и имаат механизам за ослободување во случај на итност.

Извор

Поврзани написи

To top