„Светот на Биби“ ја доби својата прва колекција на дизајнерски шишиња за вода – и тоа благодарение на познатиот шпански бренд Cool Bottles, кој изработи специјално издание инспирирано од омилените детски ликови Биби, Боби и нивните пријатели.

Со уникатен, колоритен дизајн и висококвалитетна изработка, овие шишиња се наменети за сите обожаватели на Биби – мали и големи. Колекцијата е изработена со највисоки еколошки и здравствени стандарди, со цел да се поттикне здравиот начин на живот и одговорноста кон животната средина уште од најрана возраст.

Новата линија на Cool Bottles x Светот на Биби е достапна на нашиот пазар – ЛИНК за нарачка, а ќе се продава во лимитиран тираж. Ова претставува нов чекор во интернационалната експанзија на македонскиот бренд „Светот на Биби“, кој сè почесто станува дел од глобални соработки и лиценцирања.

(Комерцијална објава)