Илустраторката Кара Вестерн, мајка на двегодишно момче, одлучи својот живот да го опише преку цртежи.
– Кога ќе станете мајка, животот целосно ви се менува. Тешко е, убаво, предизвикувачко, страшно и уште стотици други чувства што ги разбираат сите родители. Тоа е искуство што ви го менува животот и ме инспирира да го цртам секојдневниот живот како мајка, без разлика дали се работи за секојдневните задачи, како што е перење, или возбудливите моменти, како што се првите чекори на мојот син. Сакам сето ова да го пренесам на хартија за да се задржат моментите што често се запоставени – пишува Керен Вестерн на својот инстаграм-профил.
Кога сте домаќинка, може да се чувствувате неверојатно осамено. Сакам да мислам дека со цртањето на едноставните моменти можам да се поврзам со другите мајки и да им помогнам да се чувствуваат помалку осамено.
1. Новороденчињата изгледаат толку мали и ситни во вашите раце, а по една година се толку големи и долги. Но сè уште совршено се вклопуваат во вашите раце, објасни Кара за својата фотографија.
2. Џејмс е мојот потсетник за да останам присутна. Имам лоша навика да трошам време на телефон, го губам своето време наместо да работам нешто што ме исполнува. Кога сум во ова расположение, тој доаѓа со својата играчка и ме повикува да си играм со него, опишува Кара.
3. Вака изгледа еден обичен наш викенд (се шегувам, Џејмс не може да остане мирен повеќе од пет секунди кога заедно лежиме), како на овој цртеж.
4. Сигурно не сум единствениот „лош“ родител што гледа несоодветни филмови со своето дете. Па тој има само 18 месеци, не може да сфати што прави змејот, зарем не?, ја раскажува илустрацијата на која ја гледа серијата „Игра на троновите“.
5. Нашата последна посета на педијатар изгледаше вака. Всушност, сите наши посети на педијатар изгледаат вака.
6. Боење со двегодишник: „Те молам, не допирај ме со тој маркер“.
View this post on Instagram
Colouring with a two year old like #pleasedonttouchme with that marker. ?
7. Секогаш „помага“.
8. Џејмс и јас учиме италијански јазик и нормално тоа го правиме за време на појадокот, ја опишува илустрацијата.
9. Мирно спиеш со своето бебе кога одеднаш бам…. буден си.
10. Кога вашето дете навистина не спие добро поради забите, но не сакате да ги изгубите месеците што сте ги вложиле во тренингот за спиење, пишува во друга смешна илустрација.
912