„Вие сакате да читате и цртате, ова е проект за вас” – гласаше повикот на францускиот визуелен уметник Јоланд Ајо за учество на изложбата во Париз на тема „Мојата омилена книга“, која ќе биде поставена од 5 до 9 февруари.
На конкурсот учествуваа над 300 ликовни творби од учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ и СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Меѓу избраните 60 творби, кои ќе бидат дел од изложбата во Париз, се најде и корицата на „Книга на знаења“, прецртана од ученичката Анастасија Дулевска од IV-г одд. од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија.
Анастасија уште од својата трета година другарува со Биби и Боби. Преку книгите, игрите, цртаните филмови и онлајн школи за учење азбука и математика, таа порасна во вредна четвртоодделенка.
912