Едно училиште во Баварија веќе неколку месеци ги казнува оние што редовно доцнат на настава без валидна причина.

Ова правило стапи во сила од мај оваа година и важи за учениците од деветто, десетто и единаесетто одделение на гимназијата Дирер во Нирнберг. Во минатото, учениците многу помалку доцнеле. Сега, разговорите немаат ефект врз тинејџерите, додека казната од 5 евра силно ги иритира.

Директорот нагласува дека мерката е донесена по низа разговори со родители, наставници, психолози, социјални педагози и други експерти.

Ученикот кој доцни прво добива опомена и казна за доцнење, а потоа училиштето го проследува случајот на ученикот до градските власти. Може да се изрече парична казна за секој ден отсуство или доцнење на ученикот доколку ученикот немал валдина причина.

Засега не се знае дали овој метод ќе биде воведен во сите училишта во Германија. Исто така, во Германија постојат посебни образовни институции каде што доцнењето се казнува со принудна работа, па ученикот мора да го надополни своето отсуство, на пример, метејќи лисја во училишниот двор.

Извор



912

X