На самохраните родители не им е лесно. Тука нема дилема или дебата. Дури и кога другиот родител е жив и не учествува доволно во воспитувањето и секојдневието на децата, повторно ќе се осмелиме да кажеме дека на родителот кој е „сам“ со децата не му е воопшто лесно. И не е важно какви се околностите и колкава помош има од другите.
Ниту на познатите мајки не им е лесно. Џенифер Лопез неодамна во интервју зборувала за своите близнаци со поранешниот сопруг Марк Ентони и за родителството воопшто, а сето тоа по повод нејзиниот нов филм „Несопирлива“, во кој глуми мајка. Додека ја играла улогата во филмот, се потпирала токму на нејзините искуства како самохрана мајка. Во филмот ја игра мајката на шампионот во борење Ентони Роблс, кој ја загубил ногата. Лопез се присетила како нејзиното искуство како мајка на близнаците Макс и Ема (16) влијаело врз нејзината улога.
-Понекогаш во животот како самохрана мајка се прашував дали сум доволна за нив? – рекла таа, но потоа открила дека со текот на времето се тешела и сфатила нешто друго:
-Вистината е дека сѐ што ти треба е еден добар родител да те сака.
Открила и дека тоа го слушнала во гласот на Ентони, човекот чија мајка ја играа таа.
-На тоа и ме научи филмот: „Ти си доволна“ – истакнала Лопез.
Џуди Роблс, жената која Лопез ја толкува во филмот, го кажала истото, истакнувајќи дека се гледала себеси во нејзината улога.
-Таа навистина можеше да разбере како се чувствувам – високите и ниските нивоа. Сакаме да бидеме сакани и сакаме нешто невозможно да се оствари. Дури и кога ќе го увидиме тоа, сепак си велиме: „Но, мора да продолжам да се борам – секогаш има малку надеж“.
@thegnshow #JenniferLopez gets an emotional surprise 😮💕 #grahamnorton #thegrahamnortonshow ♬ original sound – The Graham Norton Show
Во ноември Лопез се појавила во една епизода од шоуто на Греам Нортон, каде што зборувала за откажувањето на нејзината летна турнеја за да биде со своите деца.
-Тоа беше најдоброто нешто што сум го направила. Тоа воопшто не личи на мене – заклучила таа.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912