Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!
ПРАШАЊЕ: Моето дете има 3,5 години и често пати почнува да вика: „Оди си, не ме сакаш“ и силно вреска ако пробаш да го гушнеш. Ако си одам или го искарам, почнува да вика: „Сакам да се гушнеме“ и ако тргнам да го гушнам, пак вика НЕ, и тоа знае да трае по 40 минути. Откако конечно ќе се гушнеме, како ништо да не се случило. Ова некогаш се случува и без тригер и со сите членови на семејството. Дали треба да посетува психолог?
ОДГОВОР: Децата на оваа возраст од три и пол години се во силен воспитен процес. Ваквите поларитети во изразите се јавуваат најчесто кај деца кои чувствуваат голема психолошка моќ и со ова однесување пробуваат да ја одржат.
Тоа прави да се конфузни во изразите бидејќи сепак дете од оваа возраст кое чувствува дека располага со психолошка моќ во семејството не може да се носи со неа од причина што неговата зрелост не го поддржува тоа. Со еден збор – ова е дете кое бара водач. Овде би советувала родителско советување со детски психолог.
Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Психит“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com
Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.
Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.
912