На сите родители ќе им биде позната оваа ситуација – сте го пресоблекле новороденчето, сте го нахраниле и го заспивате, но наместо да спие, тоа плаче, дури и вреска. Лицето му е искривено, очите широко отворени, а целото тело веќе добива темноцрвена боја и навистина изгледа како да тестира колку му се силни белите дробови.

Проверивте дали е гладно, жедно, да не има гасови, грчеви или можеби мокра пелена. И сето тоа го исклучивте. Па што не е во ред со него? Можеби само се преправа дека плаче? Затоа што не ги гледате солзите што му течат по лицето. Но, тоа како да вежба за својата прва актерска награда… Ако не сте знаеле, новороденчињата плачат без солзи затоа што нивните солзни канали сѐ уште се развиваат.

-Бебињата почнуваат да плачат со солзи по втората недела од животот, но кај некои овој процес трае подолго, па нормално е дека некои детски канали на солзи се развиваат до третиот месец од животот – вели педијатарот д-р Тања Ремер Алтман.

Кога се формираат, жлездите во облик на бадем, се наоѓаат под горниот очен капак и произведуваат солзи кои го навлажнуваат окото.

-Штом ќе проработи солзниот канал, процесот наликува на дождовен облак – солзите се спуштаат низ окото до еден вид дренажен систем во внатрешниот агол на окото и продолжуваат да течат низ носот – вели педијатрискиот офталмолог д-р Филипа Шарвуд, па исто така објаснува дека „колку се гледа дека плачеме, т.е. дека солзите „ни течат по образите“, зависи од овој „одводен“ систем и од тоа колку солзи произведува солзниот канал.

Лекарите велат дека до ден-денес не е познато зошто бебињата се раѓаат со неразвиени солзни канали, а напоменуваат и дека се случува и малите деца да почнат да произведуваат солзи, кои поради недоволно развиените или блокираните солзни канали, не се исцедуваат нормално како што е опишано погоре. Кога овие деца плачат, солзите им паѓаат право на образите, а проблемот може да биде во едниот или во двата недоволно развиени солзни канали.

Можат да спијат со отворени очи

Иако звучи чудно, всушност не треба. Некои бебиња спијат со отворени очи како резултат на медицинска состојба наречена лагофталмус. Не е позната причината зошто бебињата можат да спијат со отворени очи, но тоа може да е поврзано со нивните уникатни циклуси на спиење и поминување повеќе време во РЕМ-фаза, за разлика од возрасните. Но, тоа е безопасно, прилично вообичаено и не укажува на проблем со спиењето.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X