Прво се појавија хеликоптер-родителите поради кои бевме загрижени дека постојано „лебдат“ над нивните деца. Потоа дојдоа булдожер-родителите кои сакаа да ги отстранат сите пречки од патот на нивното дете. Излезе дека и тоа не е толку одлично.
Тогаш дојдоа родителите-тигри кои ги поттикнаа своите деца да бидат успешни, додека медуза-родителите беа попустливи и флексибилни.
Потоа дојде добата на нежни родители, но сега голем дел од нас сфаќаат дека веројатно сме биле премногу нежни. И сега, во која група спаѓаат современите родители? Многумина сметаат дека денешните родители се светилник-родители.
Додека родителските трендови доаѓаат и си одат, терминот светилник-родител е во речникот веќе неколку години, иако неодамна почна да станува популарен.
Светилник-родителите обезбедуваат стабилен извор на насоки за своите деца, исто како светилник, истовремено давајќи им слобода да растат и учат. Тие се цврсти, сигурни, но не контролираат.
Светилник-родителството е избалансиран пристап и развива емоционално здрави деца кои продолжуваат да имаат длабоки, трајни односи со нивните родители во текот на целиот свој живот.
Џули Романовски, тренер за родителство и консултант, вели дека од сите различни родителски стилови, овој стил на родителство најмногу резонира со неа – и лично и професионално.
– Родителски стил кој е цврст, закотвен и силен, а сепак мирен и уверен во тоа каква е неговата улога и што прави – вели Џули.
Таа вели дека привлечноста на овој метод на родителство се должи на тоа што родителите бараат средина помеѓу авторитативното и нежното родителство, кое се соочува со малку бурни реакции поради притисокот што го врши врз родителите.
912